10. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

„Звуците на културата“ oд утре до недела во Ѓорче Петров

Од утре до недела, во паркот во Општина Ѓорче Петров ќе се одржи манифестацијата „Звуците на културата“. Покрај настапи на домашни пејачи и на играорни групи, во недела бесплатно во отворено кино ќе се прикаже филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“.

Ќе има и детско катче,, работилници, хуманитарни акции, базар на ракотворби, забавен парк, локални производи и деликатеси, како и настап на баскер артисти.

„Направивме еден спој на младост и искуство, со програма за сите генерации. Културната манифестација ќе има и хуманитарен карактер, односно во сабота, од 10 до 16 часот, во Домот на културата ќе огранизираме крводарителска акција“, вели градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски.

На „Звуците на културата“ ќе настапат Ефто Пупиноски, Наум Петрески, Нокаут, Дац и Александар Митески, Силви Бенд со мјузиклот „Ромален“ и диџеите C2.

Можеби ќе ве интересира

Лазар Ристовски за прв пат одржа мастерклас на „Преку езерото“: Сознанието дека глумата е нешто што е вистинско, што е стварно, е голем товар за понатамошно занимавање со оваа професија

ДЕСК

„Со книга на плажа“ – голем интерес и кај младите: Македонија и натаму има вистински читатели

ДЕСК

„Убавината на скршените нешта“: книга која ги расплакува читателите… но воедно и им ја враќа вербата.

ДЕСК