6. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Евакуирани учениците кои биле на екскурзија во манастирот кај село Селце

Пожар започнал во моментот кога кај манастирот кај Селце се наоѓале околу 500 ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп кои таму биле на еднодневна екскурзија. Децата биле евакуирани.

Пожарот изби денеска во близина село Селце, во непосредна близина на манастирот „Св.Димитрија“. Со пожарот е зафатена густа борова шума која се протега веднаш над манастирот, а покрај екипите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Прилеп, на терен излегоа стотина вработени во јавните претпријатија, како и поголем број на доброволци.

-Имавме план како да ги евакуираме учениците, успеавме во колона пешки со колегите да ги извлечииме децата. Огнот до манастирот се прошири за само 10-тина минути – рече Зоран Сребреноски, директор на ООУ „Св. Климент Охриски“ Прилеп.

Можеби ќе ве интересира

Душко Милев: Предллогот на Филипче за дополнителни 3 денари на цената за откупа на грозјето е спас за лозарите

C +

Вистината за АНБ: Дали Мицкоски за торби пари ги продавал државните интереси на туѓи држави?

C +

Филипче за Слободен печат: Владата нема желба ниту да ги зголеми платите, ниту да ги стави под контрола цените

C +