19. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Форум на жените на СДСМ: ЗНМ и Мицкоски да го осудат говорот на омраза на Љупчо Златев

Форумот на жените на СДСМ ги повика ЗНМ и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да го осудат говорот на омраза на Љупчо Златев упатен кон обвинителката Фатиме Фетаи.

„Говорот на омраза и шовинизмот на Наум Стоилковски не беше изолиран инцидент во ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ е западната во шовинистичка матрица. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера ги впрегна порталите блиски до неа да сеат шовинизам, родова, сексистичка омраза и да поттикнуваат насилство кон жените. Како Форум на жени на СДСМ остро го осудуваме говорот на омраза и сексизмот на Љупчо Златев насочен кон обвинителката Фатиме Фетаи и кон советничката во Министерството за финансии, Ана Марија-Макеска“, изјави Кристина Пеповска, генерална секретарка на Форум на жените на СДСМ.

Очигледно е, додаде таа, дека ваквите написи се поттикнати од шовинистичката матрица на ВМРО-ДПМНЕ.

„Има ли ВМРО-ДПМНЕ образ? Има ли ВМРО-ДПМНЕ Унија на жени, која ќе го осуди ваквиот говор и ќе застане зад правата на жената? Ги повикуваме ЗНМ, но истовремено и Христијан Мицкоски да излезат и да го осудат говорот на омраза и шовинизмот“, рече Пеповска.

Можеби ќе ве интересира

Сите гласови од немоќните, болните и затворениците се запечатени во посебни коверти и гласачка кутија, истата се отпечатува дури во недела во 19 часот кога ќе бидат затворени гласачките места низ Републиката

ДЕСК

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК