Со промена на навиките во домаќинството можете значително да заштедите на струја без да ви падне стандардот на живеење.
Главните потрошувачи на струја во домаќинството се клима-уред, термо печка, електричен шпорет, машина за прење алишта, машина за перење садови.
На климата најлесно ќе заштедите така што ќе ја намалите температурата на ладење. Само еден степен ви заштедува и до 3 отсто енергија. Исто така, ако облеката ја перете на 40 наместо на 60 степени, ќе потрошите на половина помалку струја.
Покрај тоа, слободно исклучете го шпретот неколку минути пред крајот на подготовката на храна бидејќи таа ќе продолжи да се готви уште некое време, додека уредот се лади.
Ќе заштедите и ако ги намалите бројот на работи кои ги пеглате. Не е неопходно да ја пеглате постелнината, кујнските крпи…
Фрижидерот и замрзнувачот исто така трошат многу струја, бидејќи работат цело време. Иако не можете да ги исклучите, евентуално можете да заштедите ако ја намалите температурата на ладење. А штедните или ЛЕД светилки трошат и до 80 отсто помалку струја од обичните, а траат десет пати повеќе.
Планирајте: Кога ќе можете, подготвувајте оброци за два, три дена одеднаш. Потрошувачката на струја не е иста кога го вклучувате шпоретот секој, или секој трет ден.
Исклучувајте ги уредите од штекер: Не ги оставајте уредите „на чекање“, туку исклучете ги од струја. На пример, ТВ приемникот и натаму троши околу 24 отсто енергија иако е исклучен. Се проценува дека 6 отсто од струјата во домаќинствата оди на уреди кои се оставени на „stand by“.
Внимавајте на температурата: Внимавајте вратата од фрижидерот да не биде предолго отворена бидејќи, инаку, повторно ќе мора да ја лади внатрешноста, а тоа не може без дополнителна потрошувачка на енергија.
Фрижидер на студено: Ставете го фрижидерот на најстуденото место во станот/куќата. Внимавајте да не се наоѓа на сончева светлина. Студениот простор резултира со помала потрошувачка на енергија, бидејќи секој степен помалку значи и намалување на потрошувачката на струја и до 6 отсто.
Машината за алишта вклучете ја на топла вода: Ако е можно, приклучете ја машината за алишта, како и таа за миење садови, на довод топла вода, бидејќи тие уреди најмногу енергија трошат токму на загревање на водата.
Избегнувајте „styand by“ начин на работа. Исклучете ги компјутерите кога не ги користите. Не ги оставајте полначите по штекерите.
Туширајте се пократко: Намалете го времето на туширање на помалку од пет минути. Избегнувајте капење во када бидејќи со туширање трошите и до половина помалку енергија отколку со капење.