5. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Познат идентитетот на починатиот планинар

МНР ја потврди информацијата за починат планинар на планината Олимп во Грција, откако паднал во провалија.

Од таму информираат дека починатото лице со иницијали М.Г. е од Скопје, а мажот бил на возраст на 57 години.

Првичните информации велат дека несреќата се случила на само стотина метра пред планинарски дом.

При извлекувањето на починатиот учествувале голем број на пожарникари и лица од специјалната единица за несреќи.

Откако планинарот бил извлечен, била констатирана смрт. Неофицијално се шпекулира дека причината за смртта е срцев удар.

За утре е најавена и обдукција врз телото.

Можеби ќе ве интересира

Средба Николоски – Сориано Ортиз: Авиолиниите Скопје – Мадрид и Скопје- Барселона се одлична можност за подoбрување на соработката меѓу двете држави

ДЕСК

На Клиниката за детски болести обезбеден дигитален мобилен рендген апарат со поддршка од Амбасадата на Jапонија

ДЕСК

Внук си ја нападнал бабата која имала 75 години – драма во Кисела Вода

ДЕСК