24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Почина Ѓорѓи Стефановски

Вчера, по кусо боледување, на 79-годишна возраст почина Ѓорѓи Стефановски, еминентен професор во пензија на Факултетот за музичка уметност во Скопје и поранешен тромбонист во Македонската филхармонија.

Ѓорѓи (Јорго) Стефановски е роден во Битола во 1940 година. Музичка академија завршува во Љубљана каде живее и работи осум години. По враќањето во Македонија е долгогодишен тромбонист во Македонската филхармонија и професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Бил член на познатиот квартет „Рибарски”. Стефановски важи за исклучителен педагог кој вложил во музичкото образование на многу генерации музичари тромбонисти, кои и денес се столбот на сите професионални ансамбли во Македонија. Несебично помогнал во развивањето и негувањето на музичката култура во земјава и ужива висока почит кај студентите, колегите и пријателите во земјата и странство.

Погребот на проф. Стефановски ќе се одржи на Градските гробишта Бутел, денес во 14:30 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во Градската капела во 13:30 часот.