Економските мерки и политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални и видливи резултати, велат од СДСМ.
– Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, растот на извозот во првите седум месеци од годинава бележи раст од 14,5 отсто во однос на истиот период од минатата година.
Тоа значи дека довербата во економијата е вратена, а конкурентноста зголемена.
Покрај растот на извозот, во изминатиот период забележан е раст на Бруто домашниот производ од 3,1, а невработеноста е намалена на историски најниски 17,5 отсто.
Ова се само дел од економските параметри кои потврдуваат дека економијата се движи во нагорна линнија.
По години назадување и економска неизвесност денес економијата е развојна и се движи во добар правец.
Остануваме посветени на мерките што поттикнуваат економски раст и развој. Градиме силна економија што отвора па да за сите, се вели во соопштението од СДСМ.