16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Тука сум апсете, тоа нема да ви помогне да останате на власт

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во вестите на телевизија 24 по се погласните информации дека направил тешко кривично дело и треба да понесе одговорност откако тој на прес конференција изјави дека ги поседува исказите од истрагата за „Рекет“, порача дека не се плаши и дека е тука доколку власта се одлучи да го апси.

Тој истакна дека доколку истрагата за ,,Рекет“ и натаму се забошотува, опозицијата ќе ги објави исказите на сведоците добиени од свиркач.

-До овој момент немам добиено никава покана од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, но во епицентарот на заевизмот од Зоран Заев, Вилма Русковска и Кацарска очекувам да Зоран Заев нареди, Вилма Русковска испорача, а Кацарска пресуди. Така што тука сум, гонете, обвинувајте, апсете, вели Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели и дека тој на никаков начин не влијаел на истрагата. -Доколку ние бевме Зоран Заев и организиравме воајерски шоуа кога ќе ги емитувавме тие документи, тогаш можеби би влијаеле на истрагата, додаде тој.

Можеби ќе ве интересира

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

ДЕСК

СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Објавено метео предупредување

ДЕСК