15. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Честитка од претседателот Трамп по повод Денот на независноста на Македонија

Честитка за Денот на независноста пристигна и од претседателот на Америка Доналд Трамп.

Во честитката упатена до Претседателот Стево Пендаровски се вели дека претседателот Трамп и американските граѓани упатуваат срдечни честитки до претседателот Пендаровски и граѓаните на Македонија.

-Ви честитам за континуираното спроведување на историскиот Договор од Преспа, кој носи поголема безбедност и просперитет за граѓаните на Македонија. Посветеноста на вашата земја на демократските принципи, владеењето на правото и отчетноста на владата се за пофалба. Соединетите Американски Држави силно ја поддржуваат Македонија на нејзиниот пат кон членството во НАТО, и со нетрпение очекувам да ја продолжиме нашата соработка во унапредувањето на мирот, просперитетот и стабилноста во регионот”, стои во писмото на претседателот Трамп до претседателот Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

ДЕСК

Бузлевски: Време е за Преспа без отпад, со силно земјоделство и туристички развој

ДЕСК

Филипче: Во програмата на Бузлевски никој не е заборавен, со него Ресен повторно ќе се развива

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.