18. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев на состанок на Вишеградската група во Чешка

Премиерот Зоран Заев престојува во еднодневна работна посета на Република Чешка. Тој ќе учествува на Самитот на премиерите на државите од Вишеградската група и премиерите на државите партнери од Западен Балкан.

Вишеградската група ја сочинуваат Унгарија, Полска, Чешка и Словачка. Тема на состанокот ќе биде јакнење на севкупната политичка и економска соработка меѓу двата региона, а посебен фокус ќе биде ставен на прашањата од областа на инфраструктурата, образованието, финансиската стабилност и климатските промени.

На состанокот нема да учествува премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, поради, како што е соопштено, обврски што ги имал на Косово.

Можеби ќе ве интересира

Џаферовска: По тргедијата во Велес СДСМ бара оставка од Панче и разрешување на цело СВР Велес

C +

Шукова: Со Зона 30 ќе го запреме дивеењето по скопските улици

C +

Манасков: Нема учебници, СДСМ бара оставка од Јаневска!

C +