Во приватниот сектор во САД во август се отворени 195 илјади работни места, најмногу во последните четири месеци.
Најголем раст на вработувања е регистриран во услужниот сектор, вкупно 184 илјади, според извештајот на приватната агенција за вработување АДП.
Ова е најголем скок на бројот на нови вработувања од април. Во јули биле отворени 142 илјади работни места.