24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов вработил над 1.000 партиски војници за две години

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје обвинува дека градоначалникот Петре Шилегов ја пренатрупува градската администрација со неквалификувани партиски кадри, нови вработувања кои се платени со парите на граѓаните.

„Неформалните бројки говорат дека Шилегов за две години вработил над 1.000 партиски војници во Град Скопје и неговите јавни претпријатија. Над 1.000 партиски војници Шилегов вработил за цели две години, додека претпријатијата бележат загуби. Се случува вистинско девастирање и уништување на градските претпријатија. Голем дел од овие кадри се неквалификувани за работните позиции, и не ги исполнуваат законските одредби, за што страдаат квалификувани кадри кои не ја добиваат шансата за ново работно место“, велат советниците на ВМРО-ДПМНЕ.