Aко се надеваат на некакво ново Пржино, некаков нов договор, на кој ќе се повтори реприза на ослабената ВМРО-ДПМНЕ, која ќе потпишува сè и сешто, надополнето со некој преторијанец во преговарачкиот тим, треба да знаат дека тој филм нема да го гледаат. Ви ветувам правда, а за правдата не планирам никаков компромис, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на „Фејсбук“.
https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/430669680876973/?t=0
Тој објави и видеопорака, во која ѝ порача на владејачката партија дека што си дробеле, тоа ќе си сркаат.
„Тој што згрешил и се посрамотил пред граѓаните, ќе си одговара. Ќе им бидете први соседи на тие што ги сместивте таму – Катица, Бојан Јовановски и Зоран Милевски“, порача Мицкоски.