24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Целосно затворање на сообраќајот на улицата Индира Ганди

Град Скопје информира дека поради изведување градежни работи, од утре од 7 часот наутро целосно ќе биде затворена за сообраќај улицата Индира Ганди, на потегот од крстосницата со булеварот Словенија до крстосницата со улицата Бутелски венец.

Овој потег на улицата ќе биде затворен до завршување на градежните работи.

Привремениот сообраќаен режим се воведува поради изведување градежни работи во рамките на проектот за реконструкција на улицата Индира Ганди, поточно поради финално асфалтирање на улицата.

Град Скопје апелира граѓаните да го почитуваат привремено воведениот сообраќаен режим и при своето движење да ја користат околната патна мрежа.