24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

МЗШВ: Фитосанитарната инспекција на терминалот во Кавадарци од утре ќе работи во две смени

Од утре Фитосанитарната инспекција на терминалот во Кавадарци ќе почне со работа во две смени. Државниот инспекторат за земјоделство, кој е орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја донесе оваа одлука како одговор на барањата на бизнис-заедницата за овозможување брз и непречен извоз на земјоделски производи, што во овој период е особено важна за извозот на грозјето.

Во согласност со одлуката, првата смена на инспекцијата ќе биде од 8 до 16 часот, од 18 до 24 часот втора смена, а во сабота и во недела фитосанитарната инспекција ќе работи од 19 до 24 часот.

Воведувањето на сменското работење на терминалот во Кавадарци е уште еден показател за политиките на МЗШВ во делот на создавање поволни услови за бизнис-заедницата. Со воведувањето на втората смена се очекува надминување на административните бариери со кои се соочуваат правните субјекти што извезуваат грозје. Конкретно, ќе се овозможи брз, ефикасен и непречен извоз на горзје, што значи и заштеда во време и пари како бенефит за правните субјекти.