23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Имаме долг кон родителите од Смилковско да им ја вратиме надежта

Навистина веќе никој не верува дека било што добро може да направи оваа власт и веќе не поминува онаа слика за наивен човек кој со раката на срце вели дека е чесен и се колне во жицата македонска, зашто зад себе оставија чемер и јад, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва од Штип, каде што присутвува на 29-годишнината од основањето на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во овој град.

-Исто како што народот не им верува кога Зоран Заев ќе каже дека тешко му паѓало кога ќе видел лажна вест. Замислете, ова доаѓа од човек кој е принцот на лагите, кој е главен извор на лажни вести во Македонија. Ако одевме по сите лажни вести кои се кажани од овој човек денес сè уште требаше да веруваме дека Македонија веќе една година преговара со ЕУ зашто според Заев уште минатата есен славевме по плоштадите, луѓето веќе ги полнеа паричниците со минимум 500 евра плата, а редици се чекаат за вработувањата кои ги нудат Гугл и Фејсбук. А ако на премиерот Зоран Заев, му паѓа вистински тешко од лажните вести, тогаш сигурен сум дека на родителите на децата убиени кај Смилковското Езеро уште потешко им паѓаат лагите кои Заев им ги кажуваше, седеше до нов, ги гледаше во оли и им ветуваше дека тој е тој кој знае кои се вистинските убијци и дека вистинските убијци не се тие кои ги ослободи зашто се пазаеше за нивната слобода. А таквите лица и погледот на родителите од Смилковско останаа. А надежта не умира, а таа надеж ние имаме долг да ја вратиме, рече Мицкоски.