13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Стоилковски: Само за да се задоволи хирот на Заев, функционери од ВМРО-ДПМНЕ се држат во притвор

Судиите мора да се оттргнат од канџите на Зоран Заев и да застанат на патот на теророт што се врши врз функционери од ВМРО-ДПМНЕ и врз службеничка од Министерството за транспорт и врски, порача портпаролот на опозициската партија, Наум Стоилковски.

„Наскоро ќе одлучува за трето определување на притвор, трета одлука за 30-дневна мерка, за Димитар Димовски, Дејан Митески и Анета Јорданова, а до сега, по два месеца притвор, сè уште тројцата не се посетени од јавен обвинител и немаат дадено исказ“, образложи тој истакнувајќи дека овие луѓе уште официјално не знаат зошто се притворени.

Портпаролот посочи дека со обвинението се опфатени 11 лица, за коишто има идентични решенија од судот, освен во делот за притвор, со што за другите е определена поблага мерка.

„Колку време треба да бидат држени како заложници гласноговорници на опозицијата, за да се задоволи хирот на Зоран Заев, на власта за политички прогон врз политички неистомисленици“, јавно праша Стоилковски, кој подвелече дека притворот не е казна, туку мерка осомничените да не ја осуетат постапката, која, како што рече, во овој случај е целосно непотребна и неаргументирана.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Филипче зборува дека инфлацијата е висока, а до пред година и пол во време на СДСМ рушеше рекорди во Европа со над 20%

ДЕСК

Ацевски: Нашата визија е човекот пред профитот, нивната визија е брз профит – Ќе добие ли Имер Селмани нови згради во Ѓорче под превезот на „населба за млади“?

ДЕСК

Полицијата во Гевгелија спречи обид за убиство на поранешен партнер врз девојка, лишени од слобода две лица

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.