25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Починал на пат кон болница – Тешка несреќа во Македонија

Во 18,10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод-село Самоков, пред влезот за селото Ковче, 46-годишниот В.З. од Македонски Брод, управувајќи патничко моторно возило „голф“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

По незгодата возачот бил пренесен во Јавната здравствена установа – Македонски Брод, а оттаму во Општата болница – Прилеп, но при транспортот починал.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Македонски Брод.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.