14. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ѓорчев: Одговорност за доцнењето на хеликоптерите и авионите во пожарот во Велес

Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ побара одговорност и оставки за, како што рече, доцнењето од пет часа на хеликоптерите и авионите во пожарот во Велес.

„Време е за оставки за министрите и директорите поврзани со пожарите во Велес. Имавме фрапантно, катастрофално доцнење на интервенцијата на авионите и хеликоптерите од 5 часа. Штетите се огромни, жално е да се гледа сето она што се случи во Велес и Велешко во изминатите 24 часа и за тоа мора да има одговорност. Пожарот почна во 11 часот, а авионите и хеликоптерите дојдоа дури во четири часот попладне, во 16 часот. Тоа е катастрофално, ужасно доцнење од 5 часа“, рече тој.

Факт е, додаде Ѓорчев, дека за вакво фијаско, и за ваков дебакл, за горење на шума што растела 50 години наназад мора да има одговорност. „Време е за оставки во Владата на Зоран Заев и неговите 28 министри“, рече Ѓорчев.

Можеби ќе ве интересира

Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година – Еве како да се пријавите

ДЕСК

Летно изненадување од dm и Babylove:  со сметка над 499 денари добивате подарок!

ДЕСК

Мицкоски од терен: Со забрзана динамика се гради автопатот Кичево – Охрид

ДЕСК