25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

РКЕ со нови цени на горивата: Дизелот повторно поскапува

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ до идниот понеделник.

Цените на бензините остануваат непроменети, па еден литар ЕУРОСУПЕР-95 и понатаму ќе чини 66.50 денари литар. Еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 68.50 денари.

Мало зголемување има кај цената на дизелот – и тоа за половина денар. Соодветно на тоа од вечерва на полноќ еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 61.00 денари.

Цените важат од полноќ.