Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Додека бил директор, склучил договори со работници за веќе извршени работи – Полицијата со кривична пријава за З.Р.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против З.Р.(60) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во текот на 2017 пријавениот, како директор на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“, без да спроведе постапка за јавна набавка, склучил пет договори за дело за ангажирање на две лица на привремена работа.

Притоа, наведените договори ги склучил, откако работните активности за кои биле ангажирани лицата биле веќе извршени.

Можеби ќе ве интересира

Европа на удар: Кога ќе стаса најлошата зима во деценијата?

ДЕСК

Времето се стабилизира, температурите одат нагоре, најавена магла по котлините – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Бран физички напади во Скопје во една ноќ, полицијата со полни раце работа

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.