Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Димовски: Само Собранието е надлежно за избор на заменик на Јанева

Претседателот на собраниската Комисија за избори и именување, Илија Димовски вели дека и изборот и разрешувањето на СЈО е регулирано со специјалниот закон и не може и не смее да се применува друг закон.

,,И изборот (член 3) и разрешувањето (член 18) на СЈО е регулирано со специјалниот закон и не може и не смее да се применува друг закон.Постапката е строга, зошто и институцијата е значајна.Во двете постапки (и избор и назначување) Собрание на Република Македонија и Комисија за прашања на изборите и именувањата не може, ниту смее да се прескокнат, односно ниту да се разреши СЈО, ниту да се назначи вршител на функцијата СЈО без овие две инстанци во постапката.

Советот на Јавни обвинители во постапката за избор и назначување на СЈО може да постапува само по предлог на Собранието, претходно утврден од Комисијата за избори и именувања , а изгласан со двотретинско и бадинтерово мнозинство.

Советот и на Јавни обвинители во постапката за разрешување може да постапува само како предлагач, односно да достави Извештај до Собранието за утврдено незаконито, нестручно и несовесно вршење на функцијата СЈО. Конечната одлука во оваа постапка ја носи Собранието на Република Македонија.Се друго е надвор од законите”, напиша Димовски на Фејсбук.

Можеби ќе ве интересира

Вечерва тешка сообраќајка на патот село Караорман – Штип, сообраќајот е во прекин – пожарникари ги извлекувале повредените

ДЕСК

Денеска го празнуваме Свети великомаченик Георгиј

ДЕСК

Временска идила: топли денови и сонце во следните три дена

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.