11. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Албанија бележи раст на извозот на стоки на косовската територија

Албанија е земја со најголем раст на извозот на косовската територија во првите седум месеци од оваа година откако Приштина во ноември минатата година воведе 100 отсто зголемени такси на производите од Србија и БиХ.

Приштинска „Коха“ известува дека, според албанскиот Институт за статистика (ИНСТАТ), Албанија во тој период извезувала стока во вредност од 143,4 милиони евра во Косово во споредба со 115,3 милиони евра, колку што извезувала во истиот период минатата година, што е пораст од 24,4 проценти.

Албанија забележа зголемување на извозот на стоки во Косово во јули.

Во исто време, се вели, пласманот на косовската стока на албанскиот пазар опадна во првите седум месеци од оваа година, како и минатиот месец.

Можеби ќе ве интересира

Пензионерите од следниот месец ќе се “офајдат” со 1.000 денари покачување

ДЕСК

Се токмат нови цени на горивата

ДЕСК

УЈП продаде запленет стан во Охрид, деловен простор во Струмица, земјиште во Прилеп – вкупно инкасирале 314.230 евра

ДЕСК