25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полицијата им ги одзела дозволите на 13 пијани возачи во Тетово

Изминатиот викенд на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведена е акциска контрола со цел откривање возачи кои управуваат возила по дејство на алкохол. Притоа било констатирано дека 13 возачи управувале возила под дејство на алкохол, поради што се исклучени од сообраќај и времено им се одземени возачките дозволи.

Во акцијата биле откриени и законски санкционирани и 27 други видови прекршоци. На 18.08.2019, пак, во рамките на засилените сообраќајно-контролни активности во Тетово и Гостивар биле откриени 14 лица кои ги управувале возилата без положен возачки испит и тројца возачи почетници кои не се придржувале на законските ограничувања. На сите им се изготвени соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените парични глоби.