25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Нова филијала на Тиго Фајнанс отворена во населба Ченто

Денеска во населбата Ченто, Тиго Фајнанс ја отвори својата најнова филијала. Со оваа филијала, мрежата на Тиго се комплетира до 26 и опфаќа 19 градови ширум земјата, претставувајќи најшироко распространета мрежа во финтек индустријата, секогаш достапна за потребите на граѓаните. Од финансиското друштво најавуваат дека растот и проширувањето на достапноста ќе продолжи и понатаму.

„Работиме во една од најбрзо растечките индустрии – финтек индустријата, а токму нејзината динамика освен што бара постојано и брзо адаптирање на новините, во исто време поставува нови очекувања, особено за оние компании кои обезбедувањето на врвно корисничко искуство е главен приоритет. Промовирајќи ги нашите вредности, достапност, брзина, транспарентност, доверба, лојалност и посветеност, кои ги живееме во секој контакт со клиентите, веруваме дека доследно ја следиме динамиката на индустријата. Сериозно сме посветени на понуда на услуги кои се одговор на потребите на граѓаните за брзи финансиски услуги, на кои како никогаш досега дадена им е можност за флексибилно и адекватно решение на неочекуваните финансиски потреби. Продолжуваме и понатаму со истото темпо“, изјави Филип Димитровски, Извршен директор на Тиго Фајнанс.

Новата филијала во населба Ченто е лоцирана на ул. Јужноморавски Бригади бр.3/1.
До услугите на Тиго Фајнанс клиентите можат едноставно да пристапат онлајн на www.tigo.mk или во некоја од 26-те филијали во 19 градови ширум земјата, а аплицирањето и на обете места е подеднакво брзо и едноставно – oдговор на апликацијата се добива за 30 секунди, a исплатата во кеш се врши за само 10 минути. Дополнително, првата апликација е бесплатна, односно првиот кредит до 20 илјади денари е со 0% каматна стапка.

Тиго е член на Асоцијацијата на финансиски друштва, чии членови со потпишувањето на Кодексот за добра пракса и формално се обврзуваат за одговорно кредитирање и обезбедување на повисоко ниво на заштита на клиентите.

Повеќе информации за Тиго Фајнанс се достапни на веб страницата www.tigo.mk или на телефонскиот број 13 700.