Развојните и одржливи аграрни политики на Владата предводена од СДСМ даваат позитивни резултати.
Вредноста на клучните извозно ориентирани земјоделски производи е зголемена, а истовремено расте и побарувачката за македонските земјоделски производи, дома и на странскиот пазар.
Оваа година, откупната цена на краставицата во јули е зголемена за 145,8 проценти.
Ако се спореди со јуни 2013, кога ВМРО-ДПМНЕ го водеше земјоделскиот сектор, цената на краставицата е зголемена за 240 проценти.
Кај доматите, откупната цена од минатата година е зголемена за 85,5 отсто. Во споредба со јули, 2015 година, цената на доматите е зголемена за 143 отсто.
Кај лубениците е забележан пораст на откупата цена за 115%, споредбено со јули 2015 година.
Оваа година, откупната цена на белото грозје е зголемена на 50 денари, а во 2016 година била 30 денари за килограм.
Тоа е зголемување од 67 отсто.
Откупната цена на сливите, во јули оваа година е зголемена за 18,8 отсто споредбено со минатата година.
За 31 отсто зголемена е откупната цена на пиперката.
Повисоки откупни цени значат повеќе пари за земјоделците и повеќе средства во економијата, соопштија од владејачката СДСМ.