Секторот за внатрешни работи Тетово целосно расчисти и документира 18 тешки кражби, 8 кражби и 1 обид за тешка кражба, за чие извршување се сомничи 38-годишниот тетовец Ј.Ц, против кого се изготвени и ќе бидат поднесени кривични пријави.
„Ј.Ц. се сомничи дека во јуни, јули и август оваа година во Тетово насилно влегувал во возила, продавници, деловни и други објекти, од кои најчесто одзел парични средства, музичка опрема, компјутери и други предмети, противправно стекнувајќи се со вкупна имотна корист што се проценува на околу 525 илјади денари. Најголемиот број од одземеното е пронајдено и веќе им е вратено на нивните сопственици, односно на оштетените“, соопшти МВР.