23. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Гужви на границите, на Богородица и Табановце се чека по 45 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Бележиме зголемена фреквенција на возила на ГП Богородица и ГП Табановце каде времето на чекање за излез од државата е од 30 до 45 минути. На другите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата во Скопје го пронајде одземеното девојче од Охрид

ДЕСК

Времето се менува: Синоптичарите излегоа со детална четиридневна прогноза

ДЕСК

Мицкоски тврди дека нивните градоначалници изградиле и реконструирале 770 километри патишта, но и 70 градинки и 274 спортски сали

ДЕСК