Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава за злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Т.Д.(54) од село Драслајца,струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“.

Во текот на 2016 и 2017 година пријавениот, како управител на правното лице „Д –Алек 09“ од село Драслајца, при аплицирање во постапка за јавна набавка за превоз на ученици во три основни училишта на подрачје на Струга, изготвил и поднел лажно уверение за платени даноци и придонеси за 2016 и 2017 година. По ова, истиот, како најповолен понудувач склучил договор за превоз на ученици со наведените училишта, со што се стекнал со противправна имотна корист во износ од 1.802.714 денари .

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Очекуваме уште поголем бран инвестиции откако ќе го завршиме делот на преговори со САД за трговијата меѓу двете земји

ДЕСК

Мицкоски: Преку вториот повик, имаме 828 потпишани проекти во сите општини во државата без разлика градоначалникот од која партија доаѓа, ќе имаме над 1.200 градилишта

ДЕСК

Министерот Тошковски од Граничниот премин Табановце: Зголемувањето на безбедноста во сообраќајот е императив за МВР, возачите да прават пауза на секој два до три часа возење

ДЕСК