Малолетник избоден до смрт синоќа во Паркот на музиката во населбата Ново Лисиче во Скопје.
Според информациите убиството за убиството на 17 годишниот Н.Х. (17), осомничен е Т.А. негов познаник.
Трагедијата се случила нешто пред полноќ откако претходела расправија на неколку момчиња од Ново Лисиче со други двајца малолетници.
Според медиумите 18-годишникот извадил нож и го пробол сега починатото момче.
Жртвата била жива се додека не пристигнала Итната помош која го пренела во Клиничкиот центар, но лекарите не успеале да го спасат.
Напаѓачот е фатен од полицијата.