Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ЗНМ ја осудува изјавата на Заев и бара јавно извинување

Здружението на новинарите на Македонија остро ја осуди изјавата на премиерот Зоран Заев, во која тој кажа дека нема да дозволи некој суетен новинар да ја симне оваа влада од власт. Ваквиот агресивен говор кон новинарите од страна на претседателот на Владата може да поттикне насилство кон нашите колеги, а со тоа и дополнително да се загрози нивната безбедност и да се ограничи слободата на изразувањето, смета ЗНМ.

„Го повикуваме претседателот на Владата Зоран Заев веднаш да се извини на новинарите, а пред сè на колегата Бранко, Героски доколку оваа негова изјава беше упатена кон него, и во иднина да се воздржи од вакво дискредитирање на новинарите.

Премиерот Заев како претседател на партијата на власт и на Владата потребно е да покаже дека умее да се справи со критиката од страна на новинарите, а со тоа да даде пример и на другите членови на Владата, но и на македонската јавност. Наместо јавно да се пресметува со критични новинари, потребно е да ги охрабри во нивните напори да откриваат евентуална злоупотреба на власт, а институциите да реагираат.

Истовремено, во својата изјава претседателот на Владата користеше непримерен говор во однос на припадниците на ЛГБТИ-заедницата, што не доликува на сериозен политичар и носител на таква висока функција. Како новинари и здружение кое се залага за еднаквост на сите полиња и недискриминација по ниедна основа, го осудуваме и овој дел од изјавата на претседателот Заев и бараме да јавно да се извини”, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ВИСОК ПРИТИСОК ГО „ЗАКЛУЧУВА“ ВРЕМЕТО: Стабилност со скриена замка – Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СДСМ со упатство: Безидејно ВМРО – ДПМНЕ, Македонија 2030

ДЕСК

Пожар во стан во Скопје, за среќа нема повредени

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.