Интегрално го пренесуваме соопштението на СДСМ по повод реакцијата на ВМРО ДПМНЕ:
ВМРО-ДПМНЕ е најмалку повикана да зборува за навреди и закани.
11 години ВМРО-ДПМНЕ не само што премолчуваше, туку и директно промовираше насилство кон ЛГБТ заедницата и нејзини претставници.
Таквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ продолжи и во опозиција.
ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски беше изрично и отворено против одржување на Парадата на гордоста, а уште пожестоко се спротиставуваше на носење на Законот за заштита од дискриминација со која за првпат се воведе сексуалната ориентација како основа за дискриминација.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ се лицемерни и немаат право да зборуваат за дискриминација.
Единствените кои се во паника се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на кои од ден на ден им станува се појасно дека е невозможна одбрана на криминалот на режимот.
Колку и да е неприфатливо за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, борбата против криминалот и корупцијата е бескомпромисна.
Законите важат за сите подеднакво и не смеат и не препознаваат верска, национална, политичка или друга припадност.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се плашат од правдата.
Секој, без разлика на функцијата што ја извршува или извршувал, ќе одговара доколку се докаже дека постапувал незаконски, вклучително и за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ и криминалниот октопод раководен од Будимпешта.