14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Возило удри во ѕид, тројца повредени во Радовиш

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа во Радовиш. Според полицијата, синоќа во 18 часот било пријавено дека во Радовиш на раскрсницата од булеварот Александар Македонски со улицата Чеде Филиповски Даме патничко моторно возило ,,лада“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(41) од Радовиш, излетало од коловозот и удрило во ѕид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.Ј.(38) од Радовиш, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден сопатник малолетник кои биле пренесени во Клиничкиот центар Штип за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Радовиш.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Само со темелни реформи може да го смениме системот, тоа е мојата политика

ДЕСК

Денеска се празнува Покровот на Пресвета Богородица

ДЕСК

Наскоро почнува зимското сметање на времето – колку влијае на здравјето?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.