Српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград одржа прес-конференција на која зборуваше за политичката ситуација во државата, но доби и новинарско прашање за случајот „Рекет“ кој ја тресе македонската политичка сцена.
На прашањето за аферата за рекетирање во Северна Македонија, српскиот претседател истакна дека не сака да се меша во внатрешните прашања на други држави, но даде краток коментар, пренесува „Блиц“.
„Колку што јас знам од добро информирани италијански извори, ќе има уште изненадувања во тој случај и верувам дека сега Зоран Заев го разбира она што му го кажував за одредени лица“, кратко одговори Вучиќ.
Инаку одредени српски медиуми со сензационалистички наслови објавија повеќе лажни вести вмешувајќи го и премиерот Зоран Заев во врска со случајот, што за познавачите на состојбите е првиот доказ дека целата афера е една меѓународна операција за рушење на членството на Македонија во НАТО и ЕУ.