24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) СДСМ Гази Баба: Намалените сметки за парно носат помал семеен трошок за околу 2 000 денари годишно

,,Посветено продолжуваме со реализацијата на дадените ветувања и спроведување на мерки во интерес на граѓаните.Имено, откако се донесе одлуката за намалување на данокот на додадена вредност за топлинска енергија од 18 на 5% се отвори можноста за намалување на трошоците за парното греење на граѓаните.Со одлука на Регулаторната комисија се намалува цената на парното греење на граѓаните приклучени на најголемиот снабдувач БЕГ за цели 6%.Тоа значи дека секое наше семејство кое е приклучено на централно парно греење во стан со просечна квадратура, ќе добива пониски сметки во износ од повеќе од 2 000 денари на годишно ниво”, изјави Мујо Машовиќ – член на ИО на СДСМ, Гази Баба.

Според него, на оваа позитивна мерка претходеше и укинувањето на паушалот на исклучените граѓани од парно греење кои неправедно го плаќаа со години.

,,На овој начин, сакаме да покажеме дека одговорно и посветено работиме на исполнување на дадениот збор за враќање на парите назад кај граѓаните.Почитувани, со овие мерки, но и со преземањето на топловодните системи под свое раководење од страна на Град Скопје и новоформираното гасоводно претпријатие сакаме да покажеме дека продолжуваме преку реални политики и квалитетна стратегија да работиме на пониски сметки, но и подобар квалитет и повеќе корисници на парно услугите.Тоа директно ќе влијае и врз намалувањето на аерозагадувањето.За нас зборот важи. Како одговорна партија работиме кон враќање на парите назад кај граѓаните и реализација на мерките од Планот за чист воздух”, додаде тој.