16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Излетал од патот: МВР со детали за трагедијата во која загина 18-годишно момче

Возач починал на лице место, а четворица се повредени во тешката несреќа која се случи на патот Пробиштип-Крупиште.

МВР денеска со детали за трагедијата во која почина 18-годишниот В.Ј. од Кочани, управувајќи патничко моторно возило “Сеат Толедо“ со кочански регистарски. Тој изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот. Во незгодата починал на местото на настанот, а со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници едно лице на 17 годишна возраст и И.А.(18) од селото Облешево, општина Чешиново-Облешево кои биле пренесени во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.

Другите двајца сопатници Ф.Д.(18) и Д.Г.(18) од с.Облешево, општина Чешиново-Облешево се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Здравствениот дом Пробиштип за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Пробиштип. Телото на починтиот е предадено на обдукција.

Можеби ќе ве интересира

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

ДЕСК

СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Објавено метео предупредување

ДЕСК