25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Таравари до МОН: Правдата излезе на виделина, поднесете си оставка

Градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари на Фејсбук ја објави пресудата на Управниот суд со кое се поништува Решението со кое Министерството за образование и наука ги одзеде ингеренциите за именување и разрешување директори на основни и средни училишта на локалната власт во Гостивар.

Покрај фотографијата, Таравари го повика министерот за образование Арбер Адеми да се извини и да поднесе неотповиклива оставка.

„Почитуван “доценте”, врати ги ингеренциите, јавно извини се и поднеси си неотповиклива оставка, не поради мене, туку поради учениците и наставниците во Гостивар, кои ги малтретираш сега веќе 2 години. Правдата излезе на виделина“, напиша градоначалникот Таравари.