13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Се огласи премиерот Зоран Заев: Ова е време за конечен пораз на „заробената држава“

– Сакам да ви се обратам по повод последните случувања поврзани со Предлог-законот за јавното обвинителство.

Ние сме пред конечниот чекор за ослободување на правосудството од стегите на режимот кој е зад нас. Ова е време во кое правдата стапува на сцена, време во кое не смее да има штедење во борбата против криминалот и корупцијата. Никој не е привилегиран и никој нема да биде амнестиран, рече премиерот Зоран Заев кој официјално е на одмор во своето видео обраќање до нацијата.

– Го охрабруваме Јавното обвинителство да продолжи во оваа борба, без разлика до кого ќе стигне низ истрагата.

Ова е време за конечен пораз на „заробената држава“, рече Заев.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Со Горанчо Крстев, Чешиново Облешево повторно ќе биде посакувано место за живеење

ДЕСК

Мицкоски: Филипче зборува дека инфлацијата е висока, а до пред година и пол во време на СДСМ рушеше рекорди во Европа со над 20%

ДЕСК

Ацевски: Нашата визија е човекот пред профитот, нивната визија е брз профит – Ќе добие ли Имер Селмани нови згради во Ѓорче под превезот на „населба за млади“?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.