Дезинформаторите шират срамна монтажа во која лажат дека граѓаните наводно скандирале “Северна Северна” на Мечкин Камен, информира советникот на премиерот, Марјан Забрчанец.
– Тоа е лажна, фејк, тажна продукција од нивните подрумски центри за манипулација. Тоа доаѓа од оние кои не можат да се помират дека во нашата земја доминира и победува концептот на заедништвото.
Денес во Крушево l ечеше од зборовите Илинден, македонски, Македонија, заедно, иднина. Тие што беа на Мечкин Камен знаат дека денес граѓаните заедно ја пееја “Денес над Македонија се раѓа…”. Денес се скандираше за иднината, за Републиката, за химната, за македонскииот јазик.
Во Крушево ечеше паролата “Сите сме деца на Илинден!”, вели Забрчанец.
Инаку портали блиски до опозицијата, познати по серија лажни и вести кои полни со спинува претходно објавија монтирана снимка од тоа дека на денешното чевствување на Илинден.
Снимките се чиста монтажа, а за тоа потврдуваат и многу присутни, никој Македонец, не би викал “Северна, Северна”, со оглед дека токму оваа Влада се избори Македонците да бидат признаени од целиот Свет и од Грција, а да признаен и Македонскиот јазик со своето кирилско писмо.