Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството: Комбето преминало на спротивната лента и удрило во автобусот – ќе се вештачат возилата

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес синоќа изврши увид на регионалниот пат Велес – Штип, кај Ново Село, на местото каде што се случи тешка сообраќајна несреќа, во која едно лице го загуби животот, а 14 беа повредени.

Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога комбе управувано од 30-годишно лице од Скопје, со кое се превезувале материјали за градежништво, движејќи се во правец од Штип кон Велес, од засега непознати причини преминало на спротивната коловозна лента. Во тој момент во спротивната насока се движел автобус на туристичка агенција, кој превезувал патници за Сончев Брег, Бугарија.

Автобусот се обидел да избегне директен судар движејќи се кон крајот на коловозната лента. Сепак, комбето удрило во предниот дел од автобусот и се извртело целосно на спротивната коловозна лента и во спротивна насока од првобитното движење, соопшти Обвинителството.

Од незгодата на самото место починал возачот на комбето, а 14 патници од автобусот добиле повреди, вклучувајќи го и возачот на автобусот.

По насоки на јавниот обвинител, подигнати се траги од местото на несреќата и издадена е наредба да се изврши обдукција на телото на починатиот. Истовремено, издадена е наредба да се изврши анализа за присуство на алкохол во крвта и урината кај повредениот возач на автобусот. По наредба на јавниот обвинител, ќе се изврши сообраќајно вештачење, како и машинско вештачење на исправноста на возилата.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Со новите извешати на УЈП и Царина може да констатираме дека периодот на консолидација заврши, следува период на раст на економијата во државата

ДЕСК

Обезбедени 42,3 милиона денари финансиска поддршка за ранливите потрошувачи на струја

C +

Мицкоски: За младите предвидовме проширен опфат за оперативниот план за отворање на бизниси и бесплатен пристап до научни списанија како дел од проектите кои се работат

ДЕСК