Управата за јавни приходи соопшти дека апликацијата „Мој ДДВ“ подлежи на промени, со цел да се постигне подобра функционалност на апликацијата за поднесување на фискалните сметки.
„Апликацијата ‘Мој ДДВ’, како и секоја друга апликација, подлежи на промени. Бидејќи при користење на апликацијата корисниците нередовно ги преземаат новите верзии, Управата за јавни приходи на корисниците им испрати порака со насоки за ажурирање на новата подобрена верзија. Земајќи ги предвид сугестиите на корисниците, во новата верзија има технички унапредувања во однос на скенирањето на фискалните сметки“, велат од УЈП.
Притоа, како што велат од Управата, системот ‘Мој ДДВ’ непречено функционира и ажурирањето на апликацијата не влијае на фискалните сметки што граѓаните досега ги скенирале. Заклучно со 30 јули година преку апликацијата ‘Мој ДДВ’ скенирани се 6.949.294 фискални сметки, остварен е промет од 3.529.985.093 денари со пресметан ДДВ во износ од 381.833.364, а повратот од 15 проценти изнесува 57.275.005 денари.