25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Советникот на Пацоли: Моринa нема да биде испорачан во Србија од Северна Македонија

Јелтир Зиберај, кој е советник на косовскиот министер за надворешни работи, Беџет Пацоли ја отфрли можноста Томор Морина, кој беше уапсен во Македонија по потерница од Интерпол, да биде испорачан во Србија, пренесуваат приштинските медиуми.

Зиберај изјави дека се преговара со допломатските и меѓународните врски за да се обезбеди што поскоро ослободување на Морина, пренесе „Онаса“.

Тој беше уапсен на граничниот премиер по потерница на Интерпол што ја издала Србија и која го бара поради воени злосторства против цивилите во Косово.

Белградските медиуми пренесоа дека српското министерство за правда поднело барање до Северна Македонија за негово испорачување.

Вицепремиерот Бујар Османи вчера изјави дека во текот на денот ќе го посети Морина во затворот во кој е донесен по апсењето.

„Морина треба да биде ослободен. Навистина е ужасно ова што се случи, бидејќи влијае на односите помеѓу Северна Македонија и Косово“, изјави Османи.