22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Научете како да ја претворите нездравата храна во здрава

Помфритот, колбасите, масните сирења и мајонез.. се семетаат за доста “нездрва” храна но и како таква не постои начин да и одолееме.

Спрема досега проученото чуството на глад и механизмите кои го предизвикуваат се доста сложени, па затоа и некои оброци се наоѓаат на “црната листа” кај диетичарите иако имаат неодолив вкус.

И покрај тоа што споменатите намирници се наоѓаат на листата на “забранетите”,можеме да ги конзумираме, без страв дека ќе и наштетиме на нашата линија или организам.

Тајната се состои во нивна правилна комбинација, бидејќи одредени намирници помагаат при разградувањето на оние штетните.

Пржените компири како “калорична бомба” би било добро да се комбинираат со мешунести растенија, бидејќи тие содржат лецитин, кој помага во полесното разградување на мастите делувајќи посредно на подобрувањето на дисперзијата на мастите.

Колбасите како “втори на листатa” би било најдобро да ги јадете со салата од свеж или готвен зеленчук, кој содржи поголема количина на калиум. Најдобар избор се доматите, спањакот и компирот, а многу калиум содржат и бананите.

Мајонезот во чиј состав влегуваат дури 80% растителни масла, би било најдобро да се комбинира со артичоките, аспарагусот, зелката, марулата, роквиците, бидејќи содржат биолошки активни споеви (кинарин, кафеинска киселина) кои ја намалуваат количината на лошиот холестерол (LDL) во крвта и го детоксицираат џигерот.

Сирењето најдобро е да се конзумира после супа од зеленчук со додаток на рузмарин бидејќи содржи терпен. Сирењето заедно со влакната од зеленчукот ќе го олесни разградувањето и ќе ја намали ресорпцијата на мастите од сирењето.

Но внимавајте секогаш вашиот избор нека биде сирење кое во себе содржи ниска содржина на масти, трудете се исто така доколку го конзумирате само сирењето тоа да биде нискомасно.