22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ИЗБОРЛОКАЛНО

Во среда ново прскање против комарци

Град Скопје информира дека четвртата фаза од авионската и од терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе почне на 31 јули, среда (авионско) и на 04 август, недела (терестрично).

Авионската дезинсекција ќе се одвива в среда и на 01 август во раните утрински часови.

Терестричната дезинсекција ќе почне на 4 август, недела, и ќе заврши најдоцна до 07 август, среда. Оваа дезинсекција ќе се одвива во периодот од 23 до 04 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови во наведените денови не се поволни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога времето ќе биде поволно, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Град Скопје ги известува пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Можеби ќе ве интересира

Инвестиции во ООУ „Ристо Крле“ и за првпат продолжен престој за учениците од прво до трето одделение

ДЕСК

Герасимовски: Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ добива фотоволтаични панели, инвестираме во зелена енергија

ДЕСК

Герасимовски: Исчистивме и измивме околу контејнерите во Буњаковец и Дебар Маало, продолжуваме низ цел Центар

ДЕСК