АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:
НАЈАВА ЗА ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Ве известуваме дека на Регионалниот пат Р2133, делница Куманово – Опае, ќе се изведуваат асфалтерски работи, поради што ќе се изврши затварање на сообраќајот од ден 29.07.2019 год. (понеделник) до 31.07.2019 год. (среда) во времетраење од 09:00ч. до 18:00ч.
НОРМАЛИЗИРАН СООБРЌАЈ: Патниот правец А3 Кочани – Делчево кај Истибања – брана Калиманци км. 259+300 е отворен за сообраќај по една коловозна лента.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.