23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Што ќе ви се случи ако пиете кафе на празен желудник?

Дали кафето е здраво за нашиот организам е прашањето кое стручњаците често го поставуваат. Секако кафето пружа бројни погодности на организмот, но постојат некои работи на кои мора да внимавате.

Кафето е важен антиоксиданс, па дури е докажано дека во некои ситуации спречува развој на малигни клетки – но доколку кафето го пиете на празен стомак, тогаш работите и не се толку позитивни.

Шоља чисто црно кафе на празен желудник поттикнува создавање на желудочна киселина што посебно не им годи на луѓето со гастритис. Дури и здравите стомаци не се поштедени бидејќи лачењето киселини ќе ви предизвика проблеми со варењето.

А протеините кои не успеваат да се сварат, предизвикуваат надуеност, повраќање, иритација, воспаление, па дури и рак на дебелото црево. Затоа стручњаците препорачуваат пред кафето да изедете кришка леб.