Денеска се изведува финалното асфалтирање на коловозот на улицата „Лазар Личеноски“, а во наредните неколку денови ќе се изврши и целосната санација на пешачките патеки.
„Со ова ќе заврши првата фаза од проектот за фазната реконструкција на улицата „Лазар Личеновски“. Со овој проект е предвидена целосна реконструкција на коловозот на потег во вкупна должина од 493 метри и поставување на нов асфалт со површина од 4.565 квадратни метри. Дополнително на оваа улица ќе се асфалтираат тротоарите и ќе се постават нови бетонски рабници“ соопшти Град Скопје.
За реконструкцијата на оваа улица Град Скопје ќе потроши околу 10,6 милиони денари со пресметан ДДВ.
Во финална фаза влегува и проектот за реконструкција на дел од булеварот „Партизански одреди“, на потег од мостот „Обединети нации“ до бул.„8 Септември“ во должина од два километри. На оваа делница останува да се асфалтира уште една делница, по што остануваа поставувањето на хоризонталната и вертикална сообраќајна сигнализација.