Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Велосипедска трка во Општина Илинден

Денеска во времето од 15:30 до 19 часот ќе се одржи велосипедска трка по повод денот на општината Илинден – 2 Август, организиранa од страна на oпштина Илинден.

Велосипедската трка за рекреативци ќе почне во 15:30 часот, од спортска сала „Гоце Делчев“.

Велосипедската трка за професионалци ќе почне во 16 часот од спортска сала „Гоце Делчев“ до општинска зграда Илинден, надвозник во н. Илинден, Ајватовци, Мршевци, Дељадровци, Текија, Миладиновци, Кадино, Марино и со финиш кај спортската сала „Гоце Делчев“. Трката ќе заврши околу 19 часот.

Од тие причини Одделението за Безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по наведените траси, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода пет лица поради сторени кривични дела за поткуп

ДЕСК

Шестмина воделе четири телиња преку граница – Откако полицијата ги забележала тие побегнале, а телињата останале на македонска територија

ДЕСК

Апсења на повеќе локации низ Македонија – “Паднаа” и функционери, за 5 лица се бара притвор

ДЕСК