14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Двајца избодени пренесени во болница, по инцидент кај Ваксинце

Мигранти од Пакистан се степале во село Ваксинце, општина Липково, а двајца од нив со убодни рани по нозете биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје.

Синоќа, во 2 и 10 часот по полноќ, во полиција било пријавено дека има повредени странски државјани. Полициски службенци излегле на местото и ги затекнале А.Р.(23), М.К.(20), Х.А.(23) и Н.Т.(24), сите од Пакистан, кои имале повреди по телата.

Според нивно кажување тие биле нападнати од неколку други лица од Пакистан кои побегнале.

Лицата биле пренесени во Ургентен центар Куманово, каде им била укажана лекарска помош, по што А.Р. и Х.А., кои имале убодни рани во пределот на ногата, биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека останатите биле задржани за лекување во болницата Куманово.

Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.