Маж почина синоќа во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Радовиш, информира МВР.
Во 01:10 часот на магистралниот пат Струмица-Радовиш, на делницата за Струмица до Василевска раскрсница, 33-годишниот Ј.Ц. од село Ораовица, радовишко, управувајќи патничко возило „Опел зафира“ со радовишки регистарски ознаки, удрил во патничко возило „Фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот Р.Р. од Радовиш, по што излетал надвор од коловозот.
Ј.Ц. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид извршиле Јавен обвинител и екипа СВР Струмица.